Доделени првите електронски картички за превоз на опасни материи

Од:

Стручната оспособеност на превозниците на опасни материи во домашниот и во меѓународниот патен сообраќај ќе се потврдува со електронски картички. Првите такви картички на македонските превозници денеска им ги додели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Користењето електронски картички е врз основа на препораките на Европската спогодба за меѓународен патен превоз на опасни материи – АДР, чиј потписник е Република Македонија.

Картичката согласно Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај е задолжителна за превозниците кои вршат внатрешен или меѓународен превоз на опасни материи. При нивната изработка се запазени сите меѓународни пропишани стандарди и имаат ист формат како и европските национални возачки дозволи. Новите сертификати покрај чипот на самата картичка дополнително имаат ултравиолетов текст поради високо ниво на заштита, како и специфични ознаки.

Според министерот Јанакиески, со воведување електронски картички за превоз на опасни материи целосно се исклучува можноста за користење такви фалсификувани сертификати како што имало случаи со досегашните што се во хартиена форма. Превозниците што веќе извадиле сертификат во хартиена форма ќе можат да ги заменат со електронска картичка по истекот на важноста.

Република Македонија е прва држава во регионот што воведува електронски картички за превоз на опасни материи.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска