Димовски: Ситуацијата со „Винеа“ мора да се среди

Од:

Министерството за земјоделство стои зад барањата на лозарите кои го предадоа родот во винарската визба „Винеа“, грозјето од реколтата 2012 целосно да се исплати заклучно со законски предвидениот рок, до крајот на април годинава.

Како што изјави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, ситуацијата со „Винеа“ мора да се среди.

Визбата, согласно Законот за вино,  до МЗШВ доставила нотарски заверена изјава дека ги има подмирено обврските кон производителите. Сопствениците сега, рече министерот, треба да бидат одговорни и она што го имаат ветено, да го реализираат.

–  Сега имаме чиста ситуација, сопственикот се обврзува дека ќе го исплати грозјето. Ќе се потрудиме динамиката да биде согласно барањата на производителите. Министерството веќе постапува според ингеренциите и предметот се процесуира, напомена Димовски по јавната расправа за Предлог листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.

Одговорајќи на новинарско прашање, нагласи дека не знае како може Министерството да биде гарант за облигациски однос склучен за продажба на грозје со одреден правен субјект. Во секој случај, нагласи, постојано е во комуникација со лозарите. – Цело време соработуваме. И кога беше критична ситуацијата во врска со погрешниот начин на купопродажба на визбата со потценувачки ниска цена која не гарантираше дека производителите ќе бидат обештетени, активно се вклучивме со цел нејзино разрешување, потенцира министерот.

Воедно потсети дека измените на Законот за вино ги обврзува сите откупувачи да ги исплатат количините до 30-ти април. – Отстапки нема да се прават. Напротив, критериумите се уште позаострени. Ред мора да има, дециден е Димовски.

„Винеа“ е последната винарска визба што има обврска кон лозарите. Независно колкав е долгот, тоа, рече ресорниот министер, е единствена сума што не им е исплатена на лозарите.

МИА

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници