Димовски: Лебот не треба да поскапи

Од:

Цената на пченицата е реална и воопшто не треба да предизвика поскапување на лебот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

– Ако станува збор за висината на цената на пченицата, млинско-пекарскиот сектор нема доволно аргументи за поскапување на лебот во малопродажбата. Ако, пак, се имаат предвид други импути во производството на пецивата, тоа не би го дискутрал, рече Димовски по средбата со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Според него, во овој момент Македонија има доволни количини лебно жито за да ги задоволи потребите на пазарот. Од годинашната реколта се откупени околу 150.000 тони.

Димовски напомена дека поскапувањето на прехранбените производи е глобален тренд. Министерството ќе ги преземе сите мерки што се во негова надлежност за да им излезе во пресрет на потрошувачите во однос на амортизирање на идното зголемување на цените.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

A1on

Темата за зголемување на цената на лебот е само шпекулација во јавноста, тврдат мелничарите

Катерина Ѓуровски

Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

A1on

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он