Компаниите што спровеле проекти финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој веќе остваруваат приходи и вратиле дел од инвестираното во Фондот.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денеска изјави дека од 35 компании што во периодот од 2015 до 2018 година ги завршиле проектите, две третини од нив веќе остваруваат приходи и почнале да ги враќаат парите.
– Две третини од оние што се завршени, веќе враќаат средства. Веќе имаме наменска сметка на која доаѓаат парите, рече Деспотовски, додавајќи дека тоа е мал процент, но, оти е добро што има ефект од вложените средства.
Додаде дека анализата што ја има направено Фондот укажува дека компаниите што биле кофинансирани го зголемиле приходот за 50 проценти и забележале раст на добивката од 60 проценти.