„Денови на македонското пчеларство“ во Битола

Од:

Пчеларското здружение „Нектар“-Битола од денес и во наредните три дена е организатор на традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ која годинава одбележува јубилеј – 20 години континуирано организирање и одржување во овој град.

На манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“ во Битола има 30 учесници излагачи од повеќе македонски градови, а за време на викендот во Битола ќе гостуваат пчелари од Србија, Црна Гора, Албанија и Грција, истакна Менде Трајковски, претседател на пчеларското здружение „Нектар“-Битола.

-Оваа 2017 година е една од најлошите за производството на мед и останатите пчелни производи, а тоа се должи на априлскиот студ, потоа летната суша и тоа директно влијаеше на производството на мед. Во некои региони во државата едно пчелно семејство произведе по пет килограми мед, а во други региони беа произведени само два килограми мед во просек за едно пчелно семејство. Без разлика на сите околности ние продолжуваме посветено во одгледувањето на пчелите и пчелните семејства и презедовме мерки за да ги заштитиме и подготвиме за претстојната зима, истакна Трајковски.

Според Трајковски климатските промени директно влијаат врз пчелните семејства и производството на мед.

-Без разлика на негативните статистички податоци поврзани со производството на мед, сепак, има доволно мед за домашниот пазар, но, за жал, не и за извоз. За нас е дополнително важно што се зголемуваат навиките кај населението за консумирање мед, посебно квалитетен мед и во таа смисла очекуваме со поддршка на надлежните институции да продолжи борбата и спречување на нелојалната конкуренција и продажбата на неквалитетен мед во државата, посочи Трајковски.

На денешната манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“ беше потврдено дека развојот на пчеларството во Македонија има одлични услови, природни и институционални и се очекува наскоро македонскиот органски мед да се најде на швајцарскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола