Демир Капија ќе избира најдобри вина и ракии произведени во домашни услови

Од:

Најдобри вина и ракии произведени во домашни услови ќе избира општина Демир Капија во рамките на манифестацијата „Недела на традицијата”, која секоја година се одржува во чест на празникот „Свети Трифун”, заштитникот на лозарите.

Од Службата за односи со јавноста денеска информираа дека настанот се организира заедно со Центарот за едукација и вмрежување во туризмот.

– Организираме натпревар за најдобри домашни вина и ракии, како и избор на најдобар закројувач на винова лоза. Мостри од домашно произведени вина и ракии од грозје ќе се земаат од домот на сите заинтересирани, кои сакаат да бидат дел од атрактивниот натпревар. Закројувачите на винови лози, пак, на лице место ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во резидбата, која е актуелна во овој период од годината во лозарството, во Тиквешко како најголем регион за лозаровинарство во Македонија, соопштија од Службата за информирање при демиркаписката локална самоуправа.

Покрај ова, општината и ЦЕНЕТ организираат и натпревар за најдобра традиционална трпеза, во кој ќе учествуваат групи на заинтересирани, кои на овој начин ќе ги покажат своите кулинарски способности.

Во тек е пријавувањето на сите оние кои сакаат да бидат учесници во натпреварите.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор