Данок на возила ќе се плаќа зависно од тоа колку штетни гасови испуштаат

Од:

Министерството за финансии објави дека отпочнува процес за подготовка на нов закон со кој ќе биде уредено плаќањето данок за моторни возила. Ова е објавено на Електронскиот национален електронски регистар на прописи.

Според образложението, со новиот Закон за акцизите од мај годинава оданочувањето на патничките автомобили не е предмет на уредување на овој закон. Од таа причина, власта планира регулација со нов посебен закон за данок на моторни возила.

„Имајќи ги предвид европските практики и препораките од странските експерти во оваа област данокот на моторните возила покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар“, пишува во образложението.

Според предлагачот, на овој начин ќе се придонесе кон увоз и користење возила со пониска емисија на јаглерд диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.

Временската рамка за изготвување на предлог законот е 22 септември годинава.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Руски агенти им плаќаат на луѓе од Србија и БиХ да ставаат пур-пена во издувните цевки на автомобилите

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран