ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Од:

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главнот град.

Дејствијата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а сите надлежни институции се задолжени да изготват соодветни извештаи од извршените контроли и да ги достават до обвинителството.

Државните инспектори за животна средина треба да вршат надзори во инсталациите кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор ќе биде фокусиран над инсталациите кои при извршување на технолошките процеси може да имаат удел во нарушување на квалитетот на амбиентниот водзух и во правните субјекти кои за загревање на објектите користат мазут/нафта.

Со иста задача, овластените инспектори за животна средина при Градот Скопје треба да направат направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат Б интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на Град Скопје. Комуналните инспектори и комуналните редари се задолжени да вршат проверка над возилата кои излегуваат од градежните парцели дали ги мијат тркалата, дали има одлагање на отпад на јавни површини, палење на оган на отворено.

Овластените инспектори за животна средина при општините во градот Скопје треба да направат направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на општината.

Министерството за внатрешни работи врши контрола дали се почитува посебниот сообраќаен режим за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.

Инспекторите во Дирекцијата за заштита и спасување треба да извршат контрола на правните субјекти, органите на државна управа, единиците на локална самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето кои за загревање на просториите користат мазут/нафта дали редовно ги одржуваат горилниците и редовно ги чистат димоводните канали согласно пропишаната законска динамика.

По доставување на сите извештаи, доколку во нив се содржани елементи на кривично дело од областа на животната средина и природата, Основното јавно обвинителство Скопје веднаш ќе поведе постапки против сторителите.

Би можело да ве интересира

Телото на убиената на обдукција. ќе се вештачат траги и докази – Обвинителство за случајот во Битола

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства и два обиди за убиство

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Обвинителството не нашло докази за криминал во набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он

Побарана подготвителна постапка за четирите малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров