Даночните пријави од денеска електронски наместо на шалтер

Од:

Над 12 илјади правни лица и самостојни вршители на дејност од денеска ќе го користат новиот систем на електронски услуги на Управата за јавни приходи.

Доколку не се приспособиле во претходниот период 12.059 фирми нема да можат да ги користат е-даночните услуги. Предвидената глоба достигнува до 3.500 евра. Првите електронски пријави треба да ги достават најдоцна до 25 јули, кога е законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, врз основа на која се пријавува и плаќа данокот на додадена вредност.

Со новините во даночното работење, досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП, се заменува со нов електронски начин на комуникација со УЈП кој овозможува 24 часовно поднесување пријави, 7 дена во неделата.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов