„Црн понеделник“ на светските берзи поради коронавирусот

Од:

На светските пазари на капитал осамна „црн понеделник“ бришејќи милијарди долари од пазарната вредност на компаниите, бидејќи проширувањето на епидемијата на коронавирус надвор од Кина ги засегна изгледите за глобалниот раст, поради што инвеститорите ги продаваат акциите и вложуваат во сигурни имоти.

Вредноста на американските акции бележат драстичен пад, цената на златото се искачи на  седумгодишен максимум, додека вредноста на нафтата се намали за четири отсто поради ширењето на стравот од пандемија, откако Иран, Италија и Јужна Кореја известија за зголемување на бројот на заразени од коронавирусот во тие земји.

На европскиот пазар, италијанските акции паднале за повеќе од четири проценти, бидејќи веста за зголемениот број на заразени од вирусот практично парализира делови од индустријата  во северниот дел на Италија. Миланската берза е на пат да го одбележи најлошиот ден од 2016 година.

На азиските пазари, пак, индексот на јужнокорејската берза Коспи падна за 3.9 отсто, откако Владата на Јужна Кореја објави високо ниво на надзор бидејќи бројот на заразени се искачи на 763, а бројот на смртни случаеви достигна до седум.

На валутните пазари, доларот ослабна спрема јапонскиот јен на 111,34 јени, а профитираше во однос на останатите светски валути, демонстрирајќи го карактерот на „безбедно прибежиште“.

Еврото падна на 1.08 американски долари, а австралискиот долар бележи најниско ниво во однос на американската валута во последните 11 години, од 0.6586 американски долари.

Валутата на земјите во развој денеска се на „црвено“.

На трговските пазари, нафтата „брент“ од Северно Море падна за 3.5 отсто или за 2.1 долари на 56.35 долари по барел, а американската „лесна“ нафта ВТИ падна за 3.0 отсто или за 1.64 долари на 51.74 долари по барел.

Кога станува збор за главните индустриски метали, цената на бакарот е намалена за 1.4 отсто, а цинкот за 2.5 проценти.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Московската берза повторно работи: Проблемот е предизвикан од софтверска грешка

Московската берза го прекина тргувањето

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Палестинци планирале да ја „заробат“ берзата во Лондон

Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

А1он