China Railway Group Limited заинтересирана за проекти во Македонија

Од:

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Ирфан Асани, денеска остварија средба со претставници на кинеската компанија China Railway Group Limited.

На средбата се разговараше за инфраструктурните проекти во делот на изградба и реконструкција на железницата во Република Македонија. Министерот пред претставниците на China Railway Group Limited ги презентира проектите на Владата на Република Македонија за изградба на нови пруги во земјата, како и условите за учество на јавните повици за нивна реализација.

„Денеска остваривме значајна средба со претставниците на компанијата China Railway Group Limited, на која ги презентиравме сите проекти во делот на железничката инфраструктура. Исто така, ги запознавме и со проектите што планираме да ги реализираме во периодот што следува за што ги повикавме да се приклучат кон јавните повици. Средбата беше одлична можност да ги слушнеме нивните планови за реализација на проектите што се од регионално значење“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Претставниците на кинеската компанија ги презентираа проектите на кои работат во моментот и покажаа интерес за учество во изградба на капитални проекти и во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски