Скопски саем од задутре до 28 овој месец ќе биде домаќин на четвртото издание на Саемот за транспорт – товарни возила.
На надворешен изложбен простор на Скопски саем, на изложбена површина од 2.500 метри квадратни ќе се претстават импортери на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.
– Деловните посетители и граѓаните ќе може да видат брендови на импортери на товарни возила од светска класа, со влекачи, камиони, но и приклучни возила, односно приколки и полуприколки, како и доставни возила, соопшти денеска Скопски саем.
Преку овластени застапеници на Саемот ќе се претстават Шмиц Каргобул, Мерцедес бенз, Ивеко, ДАФ, Когел, Крон, Волво, Сканиа, Грејт вол, Мотоцентар.
Партнер на манифестацијата ќе биде транспортната асоцијација СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ.
Работното време на саемот ќе биде од 10 до 18 часот, а влезот за посета е бесплатен.