Четирите спорни компании се изземени од потпишувањето на договори со ФИТР

Од:

Четирите компании кои се изјаснија дека во сопственичката структура имаат носител на јавна функција или член на потесното семејство, се изземени од сегашниот процес на потпишување на договорите, објави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Тој посочи дека побарал од Комитетот за одобрување на инвестиции повторно овие проекти да се евалуираат.

За 73 други компании кои се изјасниле дека немаат носители на јавни функции или нивни членови во сопственичката структура, постапката на потпишување на договорите е при крај.

– Очекувам дека тие инвестициски проекти веќе во наредните неколку недели ќе почнат со практична реализација, рече Деспотовски, одговарајќи на новинарско прашање во Владата по потпишувањето на договорите за финансиска поддршка за отворање бизнис- акцелератори за млади.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги отфрли како шпекулации информациите пласирани во јавноста дека некои компании однапред ќе добијат грантови.

– Пари се уште никој не добил бидејќи парите се добиваат откако фирмите ќе ги покажат своите капцитети и ќе ги инвестираат своите средства. Значи, она што беше како информација претходно пласирана во јавноста дека некои однапред ќе добијат некакви грантови е комплентна шпекулација и ја демантирам, изјави Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска