Чешкото Министерство за финансии предлага Чешка да не влегува во банкарската унија со ЕУ

Од:

Чешка, засега не треба да се приклучува на Европската банкарска унија, која е одговор на земјите на еврозоната на неодамнешната финансиска криза.

Тоа го покажува студијата на чешкото Министерство за финансии (ЧМФ) која идната недела ќе биде разгледувана од Владата на премиерот Бохуслав Соботка, јави дописникот на МИА од Прага.

– Се препорачува да се чека на понатамошниот развој, кој треба да се оцени и евентуално повторно да се преиспита натамошната постапка, се вели во Извештајот на ЧМФ, каде, исто така, се истакнува дека конечната одлука ќе биде донесена на политичко ниво од Владата.

Проектот на банкарската унија на земјите на ЕУ, кој беше реакција на финансиската криза од 2007 година, како единствен механизам за надзор и единствен механизам за решавање на кризи, првенствено е наменет за земјите од еврозоната, а Чешка се уште го нема прифатено еврото како платежно средство.

Државите, надвор од еврозоната, имаат можност да се приклучат на банкарската унија со склучување на т.н тесна соработка со Европската централна банка.

Од земјите кои не се членки на еврозоната се приклучија Бугарија и Романија, додека Велика Британија со Чешка се изјаснија дека ќе останат надвор.

Во Студијата, се обрнува внимание на тоа дека во случај на пристапување на Чешка кон банкарската унија, ќе се ограничат повеќе надлежности на националното тело за справување со кризи, односно Чешката народна банка.

Истовремено, се нагласуваат политичките импликации доколку се донесе одлука за невлегување, бидејќи би можело во краен случај да се толкува како оддалечување на чешката Влада од проевропската политика.

Студијата, укажува дека стабилноста на чешкиот финансиски сектор во споредба со многу други земји членки на ЕУ, била и се уште е повисока.

Тоа во сегашни услови би значело помал придонес од евентуалното влегување во банкарската унија, споредено со други земји на кои им е потребна поголема финансиска стабилност на домашниот сектор, која би можело да се направи со евентуално зајакнувањето на солидарноста при решавање на кризите на банките во рамките на банкарската унија, се вели во материјалот.

Според Министерството, препорачаната постапка нема да има директни ефекти врз државниот Буџет.

– Ниту евентуален влез во банкарската унија, под сегашните услови нема да доведе до директно влијание врз Буџетот, но во тој случај не треба да се исклучат буџетски импликации во периодот на преминување, се вели во Извештајот.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ