Чешката економија во длабока рецесија

Од:

Чешката економија веќе шести квартал по ред бележи пад, со што Чешка останува во рецесија, најдолга од постоењето на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според податоците на Чешкиот завод за статистика (ЧСУ), економијата во првиот квартал од годината е намалена за 1,1 проценти во споредба со претходните три месеци.

Споредено со првиот квартал од 2012 година, чешкиот бруто домашен производ (БДП) се намалил за 2,2 проценти.

Актуелната вредност на БДП е за 2,9 проценти пониска отколку во третиот квартал од 2011 година, кога се сметаше дека го достигна својот максимум.

Уште поголем пад од 5,6 проценти, Чешка доживеа кон крајот на 2008 и 2009 година, но во наредните квартали тој пад беше помал, се вели во соопштението на аналитичарите.

Според нив, на развојот на БДП негативно влијаеле даноците на производите и намалувањето за 2,5 отсто на нивната вредност на годишно ниво, а квартално за дури 5,4 проценти.

Падот во голема мера се должи на прекумерно складирање на тутунски производи кога високиот принос од акцизата во четвртиот квартал предизвикал значително подпросечни приходи во превите три месеци. .

– Оваа аномалија најверојатно влијаеше на меѓукварталниот пад на БДП, кој без нејзино вклучување би бил само 0,7 проценти, велат статистичарите.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица