Според податоците на УЈП над 90 проценти од работниците кои имаат ниски примања ја добиле загарантираната минимална плата. Малиот интерес за субвенционирање на исплатата најверојатно е резултат на можноста на компаниите тоа да го направат без помош на државата. Има информации за злоупотреби, односно за барања работниците да им вратат дел од средствата на работодавачите, но затоа тие треба да се охрабрат, да пријават за да можеме да преземеме мерки, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Потенцира дека компаниите независно од тоа што не ја користат државната помош ја почитуваат минималната плата, од една страна, но од дрига страна, преку медиумите се добиваат информации и шпекулации дека има злоупотреба, дека граѓаните треба да ја вратат платата.