Царовска на средба со штипските стечајни работници

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вечерва оствари средба со стечајните работници во Штип. Таа истакна дека сите стечајни работници кои ги исполнуваат условите согласно Законот за стечајни работници веднаш ќе го добијат месечниот паричен надоместок, но, додаде, има и одреден број стечајци кои не ги исполнуваат условите.

– Но, ние стоиме на располагање како Влада целосно да го затвориме прашањето на стечајците, токму затоа сме подготвени по поминувањето на рокот на овој закон да донесеме нов, втор закон кој што ќе ги опфати сите, за конечно да го затвориме ова прашање, рече Царовска.

Министерката за труд и социјална политика детално ги информираше стечајните работници кои се критериумите на новиот закон за стечајни работници.

Во Штип на списокот на Здружението „Унит“ има евидентирано над 500 стечајни работници, кои деновиве ги доставуваат и документите до Центарот за вработување за добивање редовен месечен паричен надоместок до нивно пензионирање.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа