Бундестагот одбори продолжување на помошта на Грција

Од:

Долниот дом на германскиот Праламент, Бундестагот, денеска со големо мнозинство го одобри четиримесечното продолжување на програмата за финансирање на Грција, со псоебен нагласок на учесниците во парламентарната расправа дека Атина мора да ги почитува преземените обврски.

„За“ продолжување на помошта за Грција се изјаснија 542 од вкупно 631 пратеник во Бундестагот.

На гласањето му претходеше обраќање на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле кој апелираше до пратениците да го демонстрираат „европското единство“, нагласувајќи дека не станува збор за нов пакет-помош за Грција.

– Не се работи за нова помош, ниту има какви било измени, туку ова е само давање дополнително време постоечката програма да се спроведе до крај, изјави Шојбле, во повикот до пратениците да го поддржат продолжување на финасирањето на Грција, мерка на која според анектите се противат мнозинството Германци.

Шојбле нагласи дека Грција „не може да најде некого за да и позајми пари, затоа што никој не и верува“, додавајќи дека цела на продолжувањето на програмата е Атина да се доведе во состојба да ја поврати довербата на финансиските пазари.

– Ние во Европа сме една заедница. Германија мора да направи се за европското единство, порача Шојбле, додавајќи дека солидарноста не значи уценување, туку „сите заедно одговорно да дадат свој придонес“.

Германскиот министер за финансии и порача на Грција дека основа за продолжувањето на договорот е пакетот реформи што ги достави грчката Влада и кон кој, според него, Атина мора цврсто да се придржува.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела