Бугарската банка за развој лани оствари 23 милиони евра профит

Од:

Бугарската банка за развој (ББР) денеска соопшти дека во текот на минатата 2016 година остварила профит од 44,9 милиони лева (23 милиони евра).

Како што јави БТА, ова претставува пораст во однос на претходната година за 6,2 милиони лева (3,2 милиони евра) или 18 отсто.

Минатата година банката добила 420 милиони лева (215 милиони евра) од меѓународните финансиски институции, како што се Европската инвестициска банка, Банката за развој при Советот на Европа и Индустриската и трговска банка на Кина.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори