Бугарија втора во Европа според производството и квалитетот на пивото

Од:

Бугарските производители на пиво уживаат исклучително висок углед меѓу поторшувачите во својата земја, покажуваат податоците од истражувањето на меѓународниот „Репјутејшн Институт“ за Европа.

Според резултатите од студијата, како пто јави БТА, репутацијата на пивската индустрија во Бугарија има 73,7 поени на популарност од можни сто. Според тоа, Бугарија е втора во Европа, зад Чешка, каде што поторшувачите го оцениле угледот на домашните пивари со 78,3 поени. По овие деве змеји следуваат Полска со 73,2 поени, па Шпанија со 73,1, Германија 73 и Белгија со 72,3 поени… На дното на таа листа се Турција и Кипар.

Во однос на квалитетот на домашното пиво, Бугарите исто така имаат прилично позитивно мислење. Во оваа категорија, Бугарија доби 78,1 поен и повторно е на второто место, со само една десетинка помалку од Италија која има 78,2 поени. Со 76,7 поени, на третото место е Шпанија, па следуваат Полска со 75, Романија со 74,1, Словачка со 73,4 поени… На дното и на оваа листа повторно се наоѓаат Турција и Кипар.

Секој петти полнолетен граѓанин на земјите од Европската Унија не консумира пиво, се наведува во истражувањето на „Репјутејшн Институт“.

Податоците за пивскиот квантитет и квалитет во 29-те земји членки на ЕУ се добиени во август оваа година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори