Боинг отпушта стотици инженери

Од:

Американскиот произвoдител на авиони Боинг ќе укине стотици работни места за инженери за цивилна авијација поради успорувањето на продажбата, изјави порпаролот на компанијата, Даг Алдер.

Тој истакна дека компанијата во рамки на своите постојани „напори за зголемување на конкурентноста и за инвестирање во иднината, ги намалува трошоците со цел нивото на вработување да се совпадне со побарувачката на пазарот“.

Алдер изјави дека намалувањето на бројот на вработените, кое ќе ги вклучи имеханичарите ќе биде спроведено преку доброволно заминување, а во некои случаи и со директни отпуштања.

Оваа мерка за штедење, која стапува на сила на 23 јуни на прво место ќе ги погоди производствените погони на Боинг во сојузната држава Вашингтон, изјави претставник на компанијата.

Боинг на почетокот на годината веќе укинал 305 работни места за инженери и 1.500 за механичари во рамки на планот за доброволно заминување.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски