Бочварски: Потпишан договорот за изградба на брана „Отиња” во Штип

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша договорот за изградба на насипната брана со придружни објекти „Отиња” во Штип.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Рокот предвиден за изведба согласно договорите е 30 месеци. Со овој проект е предвидено да се изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри.

-Особено сум горд на овој проект, бидејки со децении и децении беше најавуван, но денеска официјално ја означуваме неговата реализација. Би сакал да потенцирам дека, претходно и како градоначалник на општина Штип, со тимот од општината, со државните институции, професори, инженери и проектанти, вложивме огромен труд и работа за овој проект да биде реална инвестиција. Денеска, Министерството за транспорт и врски ги потпиша договорите за изведба и надзор. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2021, 2022 и 2023 година, рече Бочварски.

Тој додаде дека е особено сум горд на овој проект, бидејќи со него нови можности за развој на регионот.

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска