Бочварски очекува до крајот на годината да биде изграден магистралниот гасовод до Битола

Од:

Магистралниот гасовод кон Битола ќе биде завршен до крајот на годинава, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, посочувајќи дека се прават напори и магистралниот гасовод до Гостивар да биде изграден и час поскоро да се затворат сите отворени прашања, во врска со експропријацијата на земјиште и другите проблеми кои се јавуваат на трасата.

– Работиме активно, средствата коишто се наменети за овие проекти се трошат и ги реализираме во капитални инвестиции. Така што час поскоро очекуваме да биде реализиран и овој крак кон Битола, а притоа и проектот од Гостивар кон Кичево и интерконекторот кон Грција, вели Бочварски.

Магистралниот гасовод од Куманово-Штип, Неготино, Кавадарци, Прилеп и Битола е 90 проценти реализиран.

Во меѓувреме Министерството за транспорт и врски и државното акционерско друштво НЕР работата на проектот за продолжување на кракот од Неготино до Гевгелија, кој ќе биде и интерконекторот со Грција, а исто така се работи и на поврзување на мрежата со Косово и со Србија.

Бочварски вели дека тоа се проекти што се важни за нашата држава, за да биде транзитна земја за пренос на гас, со што и државата и граѓаните ќе имаат придобивки, од аспект на добивање на евтин енергенс.

Постапката околу избор на фирма којашто ќе ја изврши секундарната гасификација во општините е во тек и ја води Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска