Бочварски и Рустеми ја посетија цела траса на автопатската делница Кичево – Охрид

Од:

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во градежните активности на автопатската делница Кичево – Охрид.

Како што информираат од Министерството за транспорт, посетата ја искористиле да направат обикола на целата траса и одблизу да се запознаат со градежните активности за изградба на овој автопат.

„Должината на оваа автопатска делница е 57 километри и инвестицијата е во висина од 598 милиони евра, средства кои се комплетно обезбедени.

Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува околу 70 %.

Во текот на работната посета тие одржаа и координативен состанок со претставници од компанијата изведувач и со надзорот, каде им беше презентирана динамиката со која се реализира овој крупен капитален проект“, соопштуваат од Министерството за транспорт.

„На состанокот се разговараше и за роковите на изградбата на петте подделници, од кои петтата подделница од Аеродромот Свети Апостол Павле до Охрид да биде пуштена за сообраќај до крај на годината.

Министерството за транспорт и врски е посветено на реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти заради рамномерен регионален развој и модернизирање на целокупната транспортна мрежа низ земјата“, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска