Блок 3 на РЕК Битола ставен во функција

Од:

Блок 3 на РЕК Битола е ставен во функција. Вчера попладне, во 17:35 часот блокот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК Битола и од производителот будно ја следат работата на постројката со цел повторното вклучување во системот да помине во најдобар ред, информираат од АД ЕСМ.

Оттаму велат дека Блок 3 на РЕК Битола е повторно вклучен во работа после 366 дена откако во ноември 2021 година неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор.

„Новиот трансформатор на Блок 3 го изработи турската компанија Астор. Во исто време, трансформаторот кој беше оштетен во пожарот, се наоѓа на репарација во специјализирана фабрика во Република Србија и се очекува наскоро и тој да пристигне во РЕК Битола каде ќе се чува како резерва за евентуални слични непријатни ситуации во иднина. Со вклучлувањето на Блок 3, РЕК Битола работи со полн капацитет. Последен пат комбинатот работел со сите три блока во грејната сезона 2019/2020 година, односно од февруари до март 2020 година“ се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017