Управниот одбор на Шпаркасе Банка, постигна договор со г-динот Глигор Бишев за негово назначување за нов Главен извршен директор и Претседател на Управен одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Актуелниот Главен извршен директор, г-ѓа Александра Радиќ, останува во Банката, како член на УО и ќе продолжи да има клучна менаџмент улога како Главен директор за ризик.
Се очекува г-динот Бишев да ја преземе функцијата по добивањето на потребните регулаторни одобрувања за негово назначување, пред сé согласноста од Народната Банка на Република Македонија, како и по истекот на договорениот период за предавање на функциите на новиот менаџерски тим на Стопанска Банка АД Скопје, каде што г-динот Бишев ја извршува функцијата Главен извршен Директор, Претседател на Управен одбор.
-Глигор Бишев е еден од најпризнаените банкари со долгогодишно искуство во Република Македонија и неговата професионална експертиза и постигнувања се широко признаени. Ме радува неговата одлука да се приклучи на врвниот менаџерски тим на нашата Групација, позитивно препознавајќи ги нашите стратешки планови за Македонија и регионот“, изјави Сава Далбоков, член на Управниот одбор на Steiermärkische Sparkasse и Претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.