БиоНТек очекува приход од над 15 милијарди евра благодарение на вакцината против Ковид

Од:

Германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“ денеска соопшти дека нејзините приходи се удвоиле во вториот квартал благодарение на продажбата на вакцината против Ковид -19, предвидувајќи дека ќе достигне 15,9 милијарди евра за целата година.

Во вториот квартал, приходите на германската компанија која ја разви вакцината во соработка со американски Фајзер се искачи на 5,31 милијарди евра. Во истиот период минатата година, таа изнесуваше 41,7 милиони евра.

Нето добивката изнесувала 2,79 милијарди евра во периодот од април до јуни. Вториот квартал минатата година компанијата го заврши со загуба од 88,3 милиони евра.

Тие наведуваат дека заедно со Фајзер, до 21 јули оваа година, доставиле повеќе од милијарда дози вакцина во повеќе од 100 земји и територии низ светот и потпишале договори за испорака на приближно 2,2 милијарди дози.

Тие очекуваат дека до крајот на оваа година, нивниот годишен капацитет за производство на вакцини ќе достигне три милијарди дози, а во 2022 година треба да се прошири до четири милијарди дози.

Од компанијата БиоНТек проценуваат дека во финансиската 2021 година, по испораката на тековно договорените 2,2 милијарди дози вакцини, нивниот приход ќе изнесува 15,9 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД