Бесплатно менторство: Како да им се помогне на малите и средни фирми

Од:

Со опфат на вкупно 388 972 вработени, во земјава егзистираат 55 359 компании, а според видот на секторот, најбројни се фирмите што се занимаваат со трговија и оние од преработувачката индустрија. Во вкупната економија, според големината на фирмите , доминираат микропретпријатијата со помолку од 10 вработени но со учество од цели 90%.

“Најголемиот дел од нив се од областа на трговијата, со 41.9 %, со ангажирани 31.7 % од вкупно вработените а создале 20.8 % од вкупната додадена вредност“ – се наведува во новото истражување на Заводот за статистика посветено на деловните тенденции во земјава.

Развојот на малите и средни бизнис, преку нвно формирање до одржливост е крајанта цел на региониолниот Проект за развој на МСП, кој веќе функционира во дел од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. И земјава се приклуи кон овој прокет чија крајна цел се одржливи и кавлитетни мали и средни бизниси.

“Услуги се реализираат на локално ниво и локалните претпријатија ги користат придобивките од стандардизираните менторски услуги согласно јапонското искуство и знаење за водење бизнис. Тоа секако води кон унапредување на работењето и развој на локалната економија севкупно. Методологијата која се применува значи работа заедно со сопствениците на претпријатијата и базира на стекнување доверба, дијагноза на работењето и заедничко дефинирање на клучната точка за развој, за која се изработува акциски план, чија реализација е поддржана согласно расположивиот фонд на часови“ – вели Маја Тасев од Агенцијата за поддршка на мали и средни претпријатија.

Конкретно, компанијата и менторите во заедничка соработка го анализираат бизнисот, добиваат увид во слабостите во работењето, се дава дијагноза и се бара решение. Овој концепт се спроведува по веќе стандардизирани правила поставени преку јапонска методологија. Во пракса ова значи дека додколку една мала или средна фирма е во потрага по пристап до финансии за идни инвестиции, менторот може да му помогне со изготвување на потребната документација, како барање за заем, или пак да му понуди информации за програмите кои се директно насочени за поддршка на овој секотор. Но, дополнително менторството може да помогне и во изнаоѓање на странски бизнис партнери за извоз на производи но и за експертска логистика з авоваедување на високите европски стандарди како ИСО или ХАСАП.

“Бизнисот нема граници. Искуствата се значајни и применливи бидејќи подразбираат придржување кон определен стандардизиран процес на работа со претпријатијата, кон кој менторите мора да се придржуваат за да имаат резултат. Во прилог на применливоста на истиот во Македонски услови говори и фактот што во Јапонија овој систем постои повеќе од 70 години со континуирано надградување“ – вели Тасев и објаснува дека јавниот повик за бесплатно менторство е веќе во тек и отворен е до 12 април 2019 година,

Инаку, лани бесплатно менторство добија 14 фирми од различни региони. Скопје, Битола, Охрид, Тетово, Куманово и Велес. Според официјалната статистика, во структурата на македонското стопанство големите преторијатија се со удел од 0,3%, главно од преработувачката индустрија со апсорбција на 25,7% од вработените.

Но, фирмите кои според големината се во групата на мали и средни бизнис ( до 19 вработени) апсорбираат дури 388 036 вработени од целиот приватен сектор, што е показател дека МСП се значаен дел за економијата на земјата. Логистиката за овој вид на фирми, која треба да обезбеди не само развој, туку и одржливост се смета за еден од приоритетите и препораките во извештаите и на меѓународните инеституции.

Би можело да ве интересира

Собираат пари од родителите, а не кажуваат како ги избрале фирмите за ужина, униформи, фотографирање на учениците

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Касами дава милионски тендери на фирми со по еден вработен: Туристичка компанија ќе гради обиколница

Александар Тодески

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски