Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај од 1 мај 2022 година

Од:

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа: Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот, Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела); Бесплатен превоз за студенти секој четврток и бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.

Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска