Белата куќа размислува за забрана за увоз на руски алуминиум

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува за целосна забрана на увоз на руски алуминиум како одговор на руската воена ескалација во Украина, пренесува Блумберг.

Белата куќа, наводно, разгледува три опции: целосна забрана, зголемување на тарифите на толку високо ниво што би можеле да бидат еквивалентни на забрана или санкции против Русал.

Ваквиот потег би имал далекусежни импликации за глобалниот пазар на алуминиум, што потенцијално ќе ги остави потрошувачите во САД и на други места да се обидуваат да најдат заменски метал.

По Кина, Русија е втор најголем светски производител на алуминиум, кој е клучен за повеќето тешки индустрии.

Само во САД, руските пратки традиционално сочинуваат околу 10 отсто од вкупниот увоз на алуминиум, а податоците покажуваат дека Русија е трет најголем извозник во САД во август.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белата куќа: Трпението на Трамп за Украина е при крај

Трамп со ултиматум до Зеленски: Избери мир или изгуби ја целата држава

Пропадна мировниот договор, Зеленски го отфрли клучниот услов на Трамп

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

САД воведоа нови санкции кон Иран: Трамп има „недостаток на добра волја“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина