Бел и полубел леб со замрзната цена нема и денеска

Од:

Пекарите и денеска не доставија леб по замрзнатата цена од 33 денари. Во продавницте утрово има само од специјализираните видови леб кои не се опфатени со одлуката за замрзнатата цена.

– Леб утрово донесоа само црн, со семки, ржен, тост. Бел и полубел нема, не донесоа. Имавме една најава од една од пекарниците дека денеска ќе однесат од лебот со замзната цена, но утрово со мејл не информираа дека се откажуваат, вели за А1он вработена во продавница од познат ланец маркети.

Иста е ситуацијата и со малите локални продавници. И таму една од најголемите пекарници досатавила само од лебот кој не е со ограничена цена.

Вчера министерот Крешник Бектеши објави одлука на Владата според кој пекарите се обврзани да го прозиведуваат и да го дистрибуираат белот со ограничена цена.

-Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Четири пекари веќе добија казни од над 300.000 денари од Државниот паззарен инспекторат бидејќи продавале леб кој треба да е 33 денари по повисока цена.

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Темата за зголемување на цената на лебот е само шпекулација во јавноста, тврдат мелничарите

Катерина Ѓуровски

Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

Орце Костов

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов

Над 15.000 евра казни за шест компании кои не ја замрзнале цената на лебот

Орце Костов