Над 15.000 евра казни за шест компании кои не ја замрзнале цената на лебот

Од:

По одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот до 33 денари Државниот пазарен инспекторат на терен извршил над 250 контроли и констатирал прекршувања во шест случаи за што изрекол казни во висина од над 960.000 денари.

„На ден 04.03.2023 година (сабота), пазарниот инспекторат изврши над 250 надзори и контроли на територија на цела Македонија. Она што е утврдено од надзорите и контролите е дека поголем број од трговците ги почитуваат Одлуките на Владата.

Леб се продава од 28 до 33 денари, зависно од грамажата и градот во кој се вршени надзорите и контролите, a трговците на големо и мало со прехранбени производи, генерално ја почитуваат обврската да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот опфатен со Одлуката на Владата, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во месец декември 2022 година. Онаму кадешто се констатирани прекршувања издадени се вкупно 6 прекршочни платни налози и тоа во висина од над 960.000 денари“, соопштија од ДПИ.

Оттаму велат дека Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата.

„Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки. Апелираме трговците да ја адаптираат цената и доставата на лебот во согласност со Одлуките, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казни кои се многу високи, и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината на економскиот субјект, а во надлежност со Законот за трговија“, истакнаа од ДПИ.

Би можело да ве интересира

Темата за зголемување на цената на лебот е само шпекулација во јавноста, тврдат мелничарите

Катерина Ѓуровски

Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

Орце Костов

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

ДПИ најави сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци

Ана Ололовска