Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Од:

Инфлацијата во делот на храната во моментов е 10 проценти, но министерот Бектеши очекува до крајот на годината таа да падне на пет отсто.

– Јас ветив дека инфлацијата во однос на храната ќе биде пет проценти на крајот од годината. Во моментов е десет отсто, но очекувам овие мерки да ја намалат најмалку за четири проценти – рече министерот за економија, Крешник Бектеши на прашањето дали владината одлука за замрзнување на цените ќе ја намали вкупната инфлација во делот на храната на среден рок.

Бектеши додаде дека супермаркетите од утре ќе мора да ги означат цените за да може, освен граѓаните и инспекторите на ДПИ да вршат контроли и да прават анализи кој направил прекршок, а тие ќе имаат и зголемени овластувања. За прекршување на оваа мерка, министерството може да го затвори супермаркетот кој не ги намалил цените.

Би можело да ве интересира

Дурмиши: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе има поригорозни мерки

Раст на трошоците за живот, цените и инфлацијата

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците