Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

Од:

Најмалку 57 лица починаа во Појасот Газа поради неухранетост, соопшти денес канцеларијата за медиуми на енклавата.

Во соопштението се вели дека се очекува бројот да се зголеми бидејќи граничните премини кон Газа остануваат затворени, а Израел го блокираше влезот на помош веќе два месеци, вклучувајќи адаптирано млеко за бебиња и додатоци во исхраната.

Додадено е дека огромното мнозинство од жртвите биле деца, како и болни и стари лица, објави Ал Џезира.

„Најостро ја осудуваме континуираната употреба на храна од страна на израелската окупација како оружје на војната и наметнувањето задушувачка блокада против повеќе од 2,4 милиони луѓе во Појасот Газа со целосно затворање на премините 63-ти ден по ред“, се вели во соопштението.

Канцеларијата апелираше до „меѓународната заедница, хуманитарните организации и организациите за човекови права да преземат итни и ефикасни мерки и да извршат притисок со сите средства за отворање на граничниот премин Рафа и сите други премини“.

Израел ги обнови нападите врз енклавата на 18 март и оттогаш уби повеќе од 2.300 луѓе, со што вкупниот број на палестински жртви од октомври 2023 година достигна 52.400.

Би можело да ве интересира

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас