Басеску: Романија ја надмина економската криза

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску денеска изјави дека земјата ја надминала економската криза и ја вратила довербата на меѓународниот пазар на капитал.

– Во последните две години Романија успеа да го намали буџетскиот дефицит до 2,9 проценти, што говори за успешно надминување на економската криза и за врќање на довербата на меѓународниот пазар на капитал, истакна Басеску.

Тој наведе дека економскиот раст на Романија годинава може да биде околу два проценти. Романија е една од најсиромашните земји-членки на Европската унија.

По зачленувањето на земјата во ЕУ во 2007 година цените на производите се доближија до европските, но не и платите. Речиси половина од Романците се сиромашни, а секој четврти е приндуден да замине во странство.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија