Банките се ослободуваат од еврата

Од:

Централните банки на земјите во развој, вклучувајќи ја и Кина, се ослободуваат од еврата за да го одржат курсот на националната валута. Поради тоа и вредноста на еврото падна.

Порано овие банки беа најголеми купувачи на европските валути, затоа што настојуваа да ги имаат различни валути во своите девизни резерви, иако доларот овде го држи приматот.

Во последните недели, меѓутоа, многу од нив, ги продаваат еврата и ги купуваат сопствените валути заради европската должничка криза и намалувањето на економскиот раст. Експертите од јапонската инвестициона банка „Номура“ оценуваат дека Јужна Кореја за неколку недели потрошила 7 милијарди долари за поддршка на својата национална валута.

Американскиот долар останува основна светска резервна валута. Според информациите на ММФ, повеќе од 60 отсто од светските резерви во девизи и злато се пресметуваат во долари, а само 25 проценти во евра.

 

 

Би можело да ве интересира

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Стано: ЕУ размислува да ја прекине финансиската помош за Грузија поради законот за странски агенти

ЕУ ја предупреди Унгарија: „Вашиот потег е безбедносна закана“