Бајрактар: Турскиот бизнис годинава ќе насочи големи инвестиции кон Балканот

Од:

Турската бизнис заедница, обединета околу Конфедерацијата на бизнис дамите и бизнисмените во турската индустрија, годинава ќе обезбеди големи инвестиции во балканските држави, изјави заменик претседателот наКонфедерацијата Аљатин Бајрактар, јави БТА.

Според него, ова главно ќе бидат инвестиции во енергетика, текстил, туризам, прехранбена индустрија во Македонија, Бугарија, Албанија, Хрватска и другите балкански земји.

Претседателката на Конфедерацијата Незакет Емине Атасој имала разговори со одговорни претставници од балканските земји, на кои биле разгледани можностите за олеснувања за турските инвеститори и економските услови, објасни таа.

Во писменото соопштение на Конфедерацијата се одбележува дека трговските врски со балканските држави ќе се спроведуваат во соработка со турската Влада. 

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски