Бачовски: Исплатени 238,6 милиони денари субвенции за повеќе мерки во земјоделството

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска исплати субвенции во висина од 238,6 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, попознато како ПОМ, за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2019. Исто така, исплатени се и субвенциите за осигурување на посевите од непогоди по програма 2020 година.

Корисници на мерката „211 Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност“ или попозната како ПОМ се сите земјоделски стопанства кои вршат дејност на надморска висина поголема од 700 метри, имаат поднесено барање и ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека денеска средства на сметките имаат и земјоделците кои имаат поднесено барања за добивање на средства од мерката 215 органско производство.

-Исплата на средства има и кај сите земјоделски стопанства кои ги осигурале посевите и добитокот. Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив, информира Бачовски.

Агенцијата, додаде, како и досега ќе продолжи да биде партнер на сите земјоделци кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

-Земјоделството е наша шанса и затоа Владата, Министерството и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и програми кои го развиваат агро – секторот, посочи Бачовски.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов