Атина планира тестови за издржливост на грчките банки

Од:

Грција планира да ги забрза капиталните проверки на банките во земјата пред крајот на програмата за спас, која завршува во август следната година.

Властите планираат проверките да бидат извршени пред овој рок, со цел да се утврди дел грчките финансиски институции ќе бидат подготвени да ги минат тестовите кои Европската централна банка (ЕЦБ) планира да ги изврши на банките во ЕУ во октомври следната година.

Тестовите имаат цел да обезбедат увид во сосотјбата на грчкиот банкарски систем и да се намали притисокот што Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го предузвикува врз цените на акциите.

Се проценува дека максималниот износ од 86 милијарди евра, што може да се искористи за евентуална докапитализација, изнесува 50 милијарди евра.

Според аналитичарите, главната цел на европските институции и ММФ е грчките банки да останат силни и да ја зачуваат стабилноста откако ќе заврши програмите за спас на Грција во август следната година.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески