Атина ги обвинува доверителите дека ги кочат преговорите

Од:

Претставници на Европската централна банка денеска ќе дискутираат за построги правила за ликвидност за кои кредиторите на Грција се надеваат дека ќе помонат за опстанок на земјата, додека за состанокот се оценува дека ја нагласува чувствителноста на финансискиот систем на земјата.

Управниот дсовет на ЕЦБ ќе разговара дали уште повеќе да ја намали или прошири помошта за итна ликвидност (ЕЛА) во Грција, односно да ја зголеми својата горна граница од 15 милијарди евра за нивото на грчките државни записи кои може да се издадат и да им овозможи на локалните банки да ја зголемат нивната изложеност на овој вид на долг.

Со затворен пристап до пазарите на капитал и одлиз на депозити, ЕЛА е последниот чувар на банките во Грција. Додека некои економисти велат дека ЕЦБ најверојатно нема да побара повеќе намалување на помошта за банките без зелено светло од европските политичари, дебатата покажува колку се загрижени некои централни банки за солвентноста на Грција, 100 дена откако премиерот Алексис Ципрас дојде на власт.

Во меѓувреме, несогласувањата меѓу европските инситуции и ММФ во преговорите со Атина за одблокирање на финансиската помош, претставуваат пречка за постигнување договор.

– Сериозните разлики и различните мислења меѓу доверителите, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, ги кочат преговорите со Грција. Поради оваа неможност за договор меѓу институциите не е можно решение, соопшти грчката Влада додавајќи дека за ќор-сокакот се одговорни само нејзините доверители.

Инсистирањето на ММФ грчките власти да ја спроведат реформата на пензискиот систем тешко поминува во Брисел. Извор близок до преговорите рекол дека „реформата на пензиите е на врвот на агендата на ММФ, додека Европејците сакаат даночни реформи“.

ЕУ и ММФ имаат несогласувања и по други прашања. Фондот се залага за бришење на дел од грчкиот долг, кој надмина 175 отсто од БДП, додека Европејците, особено Германците, тоа остро го отфрлаат.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески