Асоцијацијата на земјоделци очекува постепено да почне исплатата на субвенциите

Од:

Асоцијацијата на земјоделци во Република Македонија денеска ја поздрави одлуката на Уставниот суд, со која се овозможува Министерството за финансии и Платежната агенција да почнат со исплата субвенциите на земјоделците и сточарите.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека сепак земјоделците и сточарите треба да се стрпат два до три дена за да се види како оваа одлука може да се реализира, по што очекуваат постепено да се почне со исплатата на субвенциите.

– Последен состанок имавме на 27-ми април со премиерот Емил Димитриев и тогаш ни беше речено дека има само правни проблеми за исплатата на субвенциите, а финансиски нема, вели Шаклев.

Тој истакна дека земјоделците и сточарите очекуваат постепено да почне исплатата на субвенциите, бидејќи секоја година за субвенции има околу 80.000 апликации.

– Исплатата ќе биде сукцесивна, како што вети директорот на Платежната агенција прво ќе се исплаќаат житариците, полједелството, па после градинарството и на крајот е сточарството. Не е битно дали ќе задоцнат пет или десет дена најважно е земјоделците да ги добијат субвенциите иако со задоцнување. Затоа што оваа според наше мислење е една од најлошите години во земјоделството, вели Шаклев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Земјоделците ги блокираа приодите до аеродромот во Франкфурт

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Француската полиција приведе 18 земјоделци

Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Горан Наумовски