Арсовска од Истанбул: Во ера на технолошки напредок човештвото е на крстосница

Од:

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска на вториот ден на 20. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција, беше почесен гостин во рамки на панел сесијата посветена на бројните предизвици со кои човештвото се соочува во 21 век, заедно со Н.Е. Сафет Софтиќ, претседател на собранието на ИЗ во БиХ, д-р Акан Сувер, претседател на МГФ, Н.Е. Бегјан Какајанов, заменик министер за економија на Туркменистан и Н.Е. Кенан Храповиќ, министер за здравство на Црна Гора.

Арсовска истакна дека во ера на технолошки напредок фокусот е изместен и наместо да делуваме кон зголемување на економскиот развој, човештвото е на тест пред предизвици со кои не би требало да се соочуваме во 21 век. Посочи дека, бегалската криза и опасноста од тероризам претставуваат вистински пример за тоа како безбедносните закани станаа реалност не само за Европа и Азија, туку и за целиот свет.

„Човештвото на крстосница“ е темата на 20. Евроазиски економски самит во Истанбул каде претседатели на држави и влади, како и истакнати високи владини претставници дискутираат. Овој стратешки економски самит на највисоко ниво се организира од 1998. година.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

Костадиновска-Стојчевска: Универзална се уште е на Град Скопје, Арсовска не ја потпишува одлуката

Орце Костов

Арсовска ќе го реализира проектот на Шилегов за брз автобуски превоз

Орце Костов

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

Арсовска бара од Советот на Град Скопје да го врати името на улицата „Втора македонска бригада“, наместо Адем Демачи

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити