Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Од:

Деталниот урбанистички план на Ѓорче Петров, донесен неодамна во кој се предвидени голем број висококатници, но и три хемиски фабрики им донесе кривични пријави на градоначалникот и вработени инволвирани во подготовка и носењето на планот, но кривична е најавена и за министерот за транспорт и врски. Кривичните ќе бидат поднесени од Град Скопје.

„Во сабота, на вонредна седница е донесен ДУП во О.Ѓорче Петров. Се работи за бетонски монструм со над 50 згради, но и три деловни капацитети од хемиската индустрија и ова е недозволиво и нема да дозволиме безбедносна и економска катастрофа на Скопје и да никне вакво здание во близина на три населби“ изјави Арсовска.

Градот Скопје, како што најави Арсовска, ќе поднесе кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и Весна Андриевска, вработена во Министерството за транспорт и врски.

Од Уставниот суд, пак, ќе побара со времена мерка да ја запре примената.

„ Повеќе закони и постапки се прекршени при носење на ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината Ѓорче Петров. Прекршени се повеќе процедури при носењето. Нема добиено одобрение од Градот Скопје, и во два наврати градот дал негативно мислење. Но го пресккнале градот Скопје и дирекно побарале од министерството за транспорт и врски. Прво општината не ги собрала сите согласности од надлежните институции за да може  ДУП-от да го стават на располагање, а и таа согласност што ја имаат од Министерството за транспорт и врски е добиена според неважечки документи. Имено, документите кои биле обезбедени со висина од 5 или седум ката за зградите, сега се сменети со 14 и 20-катници, што ги прави документите неважечки.“ вели градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска

Според Арсовска, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на недвижности, а Град Скопје дале две негативни мислења.

-Нема да дозволиме покрај овие бетонски зданија и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија како потенцијални катастрофи да се изградат во општина Ѓорче Петров, рече Арсовска.

Арсовска најави дека ако Министерството за транспорт не ја поништи согласноста што ја дале, без разлика дали биле изманипулирани бидејќи им се доставени незаконски документи, кривична пријава ќе поднесат и против нив и ќе одат докрај.

За Арсовска е спорно и тоа што ДУП-от предвидува изградба на хемиски постројки, кога градот се бори против загадувањето, како и времето на донесување на планот, во сабота, со мислење од  ресорното министерство, добиено за еден ден.

“ Три објекти се уцртани во овој план, од 157.000 метри квадратни со хемиска индустрија – рече Арсовска“.

Претходно и градонаалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој побара од претседателот на Совет, да свика итна седница и да донесеме одлука со кој би побарале поништување на Уставниот суд. Тој потенцираше дека Градот Скопје не дал свое мислење кој е надлежен да даде свое мислење кога се работи за фабрики кои треба да се градат, а се во непосредна близина на бунарите Лепенец- Вардар.

Спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров ќе се гради 31 зграда, а највисоката ќе биде на 21 кат. Овие нови згради за над 7.000 нови жители се предвидени со Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт C3 16, кој Општина Ѓорче Петров го донесе на 15 февруари на вонредна седница.

Со планот се предвидува една 21-катница, една 18-катница, четири 16-катници, две 14-катници, шест 11-катници, седум 9-катници, една 6-катница и девет згради на пет ката. Зградите ќе се градат на просторот од кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП „Скопје“, на границата на Општина Ѓорче Петров со Општина Карпош.

 

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја укина Одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово

Истражување: Дел од општините имаат неважечки Генерални урбанистички планови

Орце Костов

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Три хемиски фабрики во новиот ДУП за Ѓорче – „Загрозен животот на карпошани“, Јакимовски бара Уставен да го укине

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Скандалозен екоцид со амин на градоначалникот Стојкоски

А1он

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто