Арсовска бара од Советот на Град Скопје да го врати името на улицата „Втора македонска бригада“, наместо Адем Демачи

Од:

Градоначалничката Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“, што претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“, а за што Владата дала согласност за промена. За ова денеска информираат од Кабинетот на Арсовска.

– Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог-одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира, ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци, биле токму Албанци, Роми и Власи, посочува Арсовска.

Воедно, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, градоначалничката Арсовска силно ја осудува националистичката реторика на косовскиот премиер Албин Курти.

-Сакам да му предложам нова иницијатива – во Приштина улица да биде именувана по македонскиот револуционер Тодор Александров, кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев, додава Арсовска.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши

Курти: Милан Радоичиќ планира нови напади на Косово