Костадиновска-Стојчевска: Универзална се уште е на Град Скопје, Арсовска не ја потпишува одлуката

Од:

Универзална сала се уште е на Град Скопје затоа што после изгласувањето на одлуката на Совет одлуката се уште не е формално потпишана од градоначалничката Арсовска.

– Затоа што поминаа два и пол месеци, ние интензивно со ургенции се упатувавме до Советот, администрацијата и до самата градоначалничка да ја забрзаат цела постапка бидејќи следуваат уште неколку чекори кои треба да ги направиме за да може правото на рекоконструкција да биде пренесено на Министерството за култура – истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На техничко ниво се одржал состанок помеѓу министерството и претставници на Град Скопје каде што бил понуден вид на договор кој не е соодветен на одлуката која ја донесе Советот на Град Скопје.

– Ние го корегиравме нивниот договор во насока на почитување на одлуката на советниците за да може да се пренесе правото на реконструкција до завршување на реконструкцијата, но немаме одговор оттаму. Универзална сала и нејзиното нефункционирање долго време се чувствува по националните установи и по развојот на културната сцена – рече министерката.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

Арсовска ќе го реализира проектот на Шилегов за брз автобуски превоз

Орце Костов

Арсовска бара од Советот на Град Скопје да го врати името на улицата „Втора македонска бригада“, наместо Адем Демачи

Арсовска: Правиме чуда за Скопје со малку пари иако партиските лидери ги саботираат процесите

Орце Костов

По 3.300 евра субвенции за граѓаните на Скопје кои ќе набават возила на хибриден или електричен погон, предлага Арсовска

Орце Костов

Арсовска распиша оглас за приватните превозници за истите линии за кои тврдеше дека ЈСП има капацитет да ги покрие

Орце Костов