Апостолска: Владата и следната година продолжува со конкретна поддршка за стопанството

Од:

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставник на Фондот за иновации и технолошки развој денес реализираа работна средба со бизнис заедницата на општина Струмица. На средбата стана збор за владините мерки за поддршка на инвестиции и актуелните повици на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании.

Осврнувајќи се на определбите на Владата за поставување на темелите на економскиот раст на нови инвестиции и поттикнување на претприемништвото, министерката Апостолска истакна дека владините економски политики ќе продолжат и во наредната година со конкретна поддршка за стопанството.

„За сите кои сакат да направат исчекор во бизнисот во Буџетот за 2019 година како Влада предвидевме 37% повисока поддршката. Овие средства ќе бидат насочени за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор, за нови инвестициони вложувања, за поддршка на извозот и освојување на нови пазари, за создавање на нови вработувања, за поддршката на малите и средните претпријатија, за иновативната дејност, технолошки развој и истражување, за поддршка на странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони“, рече министерката Апостолска.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски пред бизнис задницата порача дека ги поддржуваат сите иницијативи кои водат кон придвижување на бизнисот.

„Поддршката која произлегува од владините економски политики не е фикција, таа е реална. Очекувам како бизнимени да го препознаете просторот кој се отвора пред вас и да се охрабрите во реализацијата на вашите идеи“, порача Јаневски.

Бисера Јордановска од Фондот за иновации и технолошки развој пред струмчките бизнисмени ги претстави инструментите од т.н. трет столб од владниот План за економски раст, како и актуелните повици за финансиска поддршка на новоосновани старт-ап и спин-оф компании.

Министерката Апостолка работната посета на општина Струмица ја искористи и за средба со менаџментот на компанијата „Фико-пласт“, која е една од компаниите со која Владата има потпишано Договор за финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а се занимава со производство на пластика и производи од пластика. На оваа средба министерката Апостолска беше запозната со тековните инвестиции на компанијата и идните развојни планови.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска