Анкета на ФИТР: Домашните компании се подготвени да инвестираат за да излезат од кризата

Од:

Домашните компании се подготвени да започнат со инвестиции во време на актуелната криза бидејќи вакво прилагодување им е неопходно за опоравување и понатамошно функционирање, покажува анкетата што ја спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во периодот од 24 јули до 19 август.

Над 50 проценти од вкупно анкетираните 256 компании сметаат дека моментот за вложување е соодветен, додека само 13 проценти одговориле дека се уште е рано да се влезе во нов инвестициски циклус.

Во однос на износот на финансиска поддршка, 40 проценти од компаниите сметаат дека е доволна за инвестиции во фазата на опоравување што е особено изразено кај средните (73 проценти) и малите претпријатија (68 проценти), како и дека процентот на кофинансирање е соодветен на што потврдно одговориле 58 проценти. 29 проценти од компаниите пак сметаат дека износот треба да се зголеми.

Анкетата покажа и дека 74 проценти од компаниите кои биле анкетирани не користат друг вид државна помош, а само 26 проценти користат и тоа во најголем дел субвенции за минимална плата, 16 проценти користат бескаматен кредит, а само девет проценти, односно пет компании се корисници на средства на ФИТР.

Голем дел, односно 44 проценти сметаат дека процесот на аплицирање е јасен и едноставен, а осум проценти се соочиле со суштински проблеми при пополнување на формуларот. За 40 проценти од компаниите, критериумите за евалуација се соодветни, додека 25 проценти сметаат дека со нив се фаворизираат одредени индустрии.

На прашањето како го оценуваат новововедениот механизам за поврат на средствата, компаниите имаат различни ставови. Деветнаесет проценти сметаат дека овој механизам е добар, но дека процентот на поврат треба да се намали, додека поголемиот дел од 29 проценти сметаат дека основот за поврат на средствата треба да биде пресметан од приходите остварени од проектот, а не на база на остварени приходи на ниво на претпријатие.

Како сугестии кои ги предлагаат компаниите е ФИТР сам да ја обезбедува документацијата од државните институции и да се обезбедат онлајн обуки и туторијали за аплицирање.

– Резултатите од оваа анализа и препораките на домашните компании се можност за нивен директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот. Тие ќе бидат вклучени во инструментот за поддршка за економско заздравување, кој во моментов е во фаза на адаптација, велат од ФИТР.

За реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување, Фондот иницира дополнителни средства од Владата, на веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе бидат искористени уште со првиот циклус.

Програмата за економско заздравување е дел од третиот пакет економски мерки на Владата и е наменет за поддршка на микро, мали и средни компании.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска