Анѓушев: Сите компании кои ги исполнуваат условите ќе добијат финансиска поддршка

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски остварија средба со претставници на компании-членки на Сојузот на стопански комори на Македонија, кадешто ги презентираа мерките за поддршка на стопанството од Планот за економски раст, со особен фокус на мерките за поддршка на малите и средни претпријатија.

На средбата се дискутираше и за предизвиците со кои компаниите се соочуваат во своето функционирање, при што Вицепремиерот Анѓушев истакна дека директната комуникација помеѓу Владата и стопанствениците е најдобриот начин да се креираат политики, програми и проекти, со кои ќе се имплементираат мерки за поддршка на бизнис секторот и ќе се надминат предизвиците со кои компаниите се среќаваат.

„Директната комуникација помеѓу Владата и бизнис секторот придонесува за наоѓање на најсоодветни решенија за поддршка на компаниите. Токму затоа, преку дискусии со сите засегнати страни, ги донесовме мерките од Планот за економски раст, кои ќе се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и преку Програмата за поддршка на мали и средни претпријатија. Законот е во Владина процедура, додека Програмата е веќе донесена, а со нивна примена ќе се обезбеди одржливост на македонската економија“, потенцираше Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека главна цел на Владата е да се поттикне конкурентноста на македонските компании, за кои ќе се обезбедат буџетски средства, но и средства од претпристапни фондови за подигнување на конкурентноста.

„Разговараме со Европската Комисија за обезбедување на околу 40 милиони евра, средства кои би се намениле за подигнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку регионален пристап“, подвлече вицепремиерот.

Вицепремиерот ја претстави и процедурата за аплицирање на компаниите за државна поддршка, која е едноставна и во неколку чекори.

„Согласно Предлог Законот за финансиска поддршка на инвестициите со доставување на завршни сметки од последните четири години или помалку доколку компанијата не постои повеќе од три години, и еден пополнет формулар, компаниите ќе може да аплицираат до Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, која потоа ќе достави извештај до мешовита Владина комисија, составена од професионални службеници од повеќе институции. Оваа комисија доставува извештај до Владата по однос на барањето, по што Владата носи одлука за потпишување на договор за државна поддршка кој може да го потпише лице кое е наведено во Законот. Над 7000 компании имаат можност да добијат државна помош со мерките, средства за оваа активност се предвидени во буџетот и Ве уверувам дека сите компании кои ги исполнуваат условите согласно Законот и ги реализираат предвидените процедури ќе добијат финансиска поддршка во 2018 година“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Кочо Анѓушев ќе го продава велешки Борец на берза за 25.000 евра

Жарко Настоски

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска

Анѓушев: Презедов обврска еден мандат да помогнам колку што можам

Ана Ололовска

Шекеринска и Анѓушев со најмногу вработени во кабинетите, кај Спасовски најскапо платени

Галена Николовска-Ризвановиќ

ВИДЕО: Заев и Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија

Ана Ололовска