АНАЛИЗА: Како се собирал и трошел Буџетот на општина Струга?

Од:

Со вкупен Буџет од 14,2 милиони евра, општина Струга е во групата на локални самоуправи кои располагаат со позначајни буџетски средства, од кои најголем дел или 7,4 милиони евра се очекуваат да се обезбедат од дотации, односно од трансфери од централно на локално ниво, пишува економската анализа на Portalb.mk.

Според полугодишниот Извештај за извршување на Буџетите на единиците на локалната самоуправа, најголем дел од расходите на општина Струга завршуваат за исплата на плати и придонеси, но и “други градежни работи“.

Расходи – најмногу пари за плати и надоместоци…

За исплата на плати, општина Струга за годинава испланирала вкупен Буџет, по сите основи ( основен буџет, донации, дотации) во вредност од 5,7 милиони евра, а заклучно со првиот квартал биле потрошени 2,8 милиони евра или реализацијата изнесува 48,7%. За придонеси за социјално осигурување, локалната власт планирала 2,1 милион евра а потрошила 48,7% од парите или 1,0 милион евра.

Трета по вредност буџетска ставка е „други градежни објекти“, при што со вкупниот буџет за оваа намена биле планирани скоро 1,9 милиони евра а потрошени се 566 270 евра заклучно со првото економско полугодие, што е остварување од 30 отсто.

Преку ставката „разни транфери“, според полугодишниот Извештај за извршување на Буџетите на единиците на локалната самоуправа, планирано е да се потрошат 470 000 евра а за шест месеци се потрошиле само 9% од планираните расходи или сума од 42 100 евра.

За патни и дневни трошоци на годишно ниво е планирано да се потрошат 42 000 евра а заклчучно со шестиот месец се потрошиле 9 300 евра или 22,2% од парите проектирани за оваа намена.

Годинава за комунални услуги, греење и транспорт, општина Струга со вкупниот буџет проектирала расход од 1 милион евра а на крајот на јуни биле потрошени скоро 500 000 евра. За купување опрема и машини годинава било планирано да се потрошат 43 400 евра а за половина година се потрошиле скоро 5 000 евра што претставува 11% реализација во однос на планот.

За првото економско полугодие општина Струга воопшто не потрошила пари за купување на автомобили, но со Буџетот за оваа намена е планирана сума од 100 000 евра. За договорни услуги, локалните власти за буџетската 2017 година испланирале 14,2 милиони евра а потрошиле 5,8 милиони евра што е остварување од 40,6%.

Буџетски приходи – најголем дел од парите се чекаат од дотации…

Најголем дел од приходите, општина Струга ги очекува преку ставката “трансфери од други нивоа на власт“, па така на годишно ниво по овој основ во општинската каса проектирано е да се слеат 9,4 милиони евра а заклучно со јуни преку оваа ставка пристигнале 4,4 милиони евра. Најголем дел од парите обезбедени преку дотации завршуваат за исплата на плати во образованието. Една од поголемите по вредност буџетски приходни ставки е “даноци на специфични услуги“ од кои се планирани приходи во висина од 2,0 милиони евра а се собрале 612 000 евра што претставува остварување од само 29,6%.

Повисока реализација има кај приходите од данок на доход. Општина Струга планирала годинава по овој основ да обезбеди приходи во вредност од близу 94 000 евра а заклучно со јуни биле собрани 45 000 евра. За половина година, општина Стуга успела да наплати само 38,4% од парите што планирала да ги собере на годишно ниво од данок на имот, па така планот бил по овој основ да се обезбедат 1,2 милиони евра а за шест месеци биле наплатени 490 000 евра. Од “продажба на земјиште и нематеријални волжувања“ на локално ниво биле планирани приходи од 900 000 евра а се собрале само 20,5% или 185 300 евра.

Од глоби, судски и административни такси општина Струга планирала да обезбеди 45 500 евра а за половина година во овој основ се наплатиле скоро 22 000 евра. Оваа општина, поради слабата финансиска кондиција не може навреме да ги сервисира обврските за греење поради што изминатите години дел од училиштата останува без греење среде зима.

Финансиските проблеми испливаа на површина и со локалните избори, пришто Државната изборна комисија поради блокирана жиро сметка на општинската изборна комисија во Струга, и во уште дест други општини, додели средства за да може да се спроведат тековните активности поврзани со изборите.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена