Загуби во работењето, неправилности при изградбата на дел од објектите кои се составен дел од комплексот, недследности во пописот – државната ревизија направи скенирање на изградбата и на менаџирањето на спортско-рекретивниот центар „Борис Трајковски“, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.
Ревзијата се однесува на 2015 година на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“.
Долгови и должници…
Така, констатирано е дека во период од 2006 до 2015 година, Друштвото секоја година искажува загуба од своето работење, со што вкупната загуба изнесува скоро 4,2 милиони евра, кои ги покрива Влада. На крајот од 2015 година, Друштвото само кон добавувачите за изградба на Аква Паркот должело 2,7 милион евра а за изградба на спортската сала договите изнесуваат 4,2 милиони евра. Против друштвото се водат осум судски постапки – за долг, за надомест на штета и работен спор.
Констатирани се сомнителни и спорни побарувања за поголем број должници за кои не се дадени податоци за поднесени тужби
„Во целиот изминат период, од 2009 до 2015 година не е утврдена објективната (фер) вредност на недвижностите односно на нивната пазарна вредност од страна на квалификувани процентители како што е предвидено во донесените сметководствени политики на Друштвото. Не е извршен целосен и комплетен попис на средствата, побарувањата и обврските, согласно законските прописи“, се наведува во ревизорскиот извештај.
Како се градел спортскиот комплекс…
Според наодите на ревизорот при пописот на градежните објекти не е утврдено дали кај градежните објекти имало оштетувања, дополнителни вложувања, адаптација или реконструкција, што е спротивно на член 11 од Правилникот. Во исто време Пописната комисија за парични средства не извршила попис на дневниот промет евидентиран преку преодна сметка.
Со ревизорскиот извештај опфатени се и објекти кои се дел од спортско-рекреативниот комплекс. Па така, кај дел од нив констатирани се недоследности и додека се граделе и за време на работењето.
„Во трговските книги евидентиран е објект – хокеј игралиште за кој нема одобрение за градба а истиот функционира и се остварува приход од вршење на дејност под назив “поставување на урбана опрема“ со години наназад“ – наведува ревизиорот.
За изградба на Хокеј игралиштето на крајот на 2010 година бил склучен договор со странска фирам во вкупна вредност од 349 000 евра без ДДВ и рок за изведба до 15.03.2015 година.
„Оваа вредност е заголемена за дополнителни работи по склучени три договори во март 2011, 2012 и 2013 година. Вкупната набавена вредност за градежниот дел на хокеј игралиштето, по изврешените набавки, достигнува вредност од 848 000 евра“, нотира ревизорот.
Нотиран е и актулениот Аква Парк.
„Извршен е упис на објектот (зграда) во рекреативниот Аква Парк во мај 2013 година, пред да се обезбедат соодветни документи за фактичката состојба на терен, согласно законските прописи поради што се бара измена по 3 години од завршувањето на изградбата на објектот“, се вели во ревизорскиот извештај.
Инаку, Друштвото поднесува барање за измени на проектот на 15.07.2016 година до општина Карпош, со прилог документација, но според ревизорот, барањето сеуште не е одборено. Ревизорот бара од одговорните лица да преземат мерки и активности за правилно евидентирање и искажување на вредноста на градежниот дел и на опремата во Аква Парк, врз основа на пописот од крајот на 2014 година.
Ревизијата го опфатила и работењето на тениските игралишта и на Кугланата.
„Во трговските книги и финансиски извештаи на друштвото не се евидентирани градежните објекти за изградените тениски игралишта, иако изградбата е завршена во 2015 година и истите се пуштени во употреба на 2 јуни 2015 година“ – посочуваат ревизиорите, пренесува Portalb.mk. Според искажаните податоци, во 2015 година искажан е приход од тениските игралишта од 466 000 денари.
Во извештајот потоа се додава:
„Во текот на 2015 година од продажба на артикли кои се служат во Кугланата остварен е приход во износ од 1 880 000 денари, а за наплата на истите се користи ценовник кој не е донесен од страна на управителот. Што не е во согласност со МСС 18 од Првилникот. Во текот на ревизијата донесена е Одлука за утврдување на цените на алкохолни и безалкохолни пијалаци и прехранбени продукти за за корисниците на услугите на ВИП Кугланата“.
Поради ова ревизорот препорачува на одговорните лица да преземат активности за евидентирање на продажбата на стоки и услуги во трговија на мало согласно законската регулатива. Инаку, на Друштвото кое го правува спортско – рекретаивниот центар, освен што на раполагање му е дадено државно земјиште, со одлука на Владата му е дадено на користење и недвижна ствар – паркиралиште, без надомест, кое се дава под закуп за картинг центар а кое во имотниот лист на Агенцијата за катастар на недвижности се води како неизградено градежно земјиште. На крајот од 2015 пописната комисија изготвила пописна листа на земјиште и истото е евидентирано во книгата на основни средства како земјиште со вредност нула.
Една од препораките е Управителот на Друштвото да преземе мерки за вработување на стручни и компетентни лица во Секторот за финансии и сметководство, кои како што посочува ревизорот, ќе бидат одговорни за целосно извршување на работните задачи, меѓу кои и изработка на годишни сметки. Се укажува и на потребата од соработка со правно лице за да се преиспитаат донесените сметководствени политики кои се однесуваат на различниот модел на вреднување на недвижностите, постројките и опремата.
Во февруари 2016 година извршена била ревизија на спроведување на препораките презентирани во Конечниот извештај од извршената Ревизија на успешност пришто со ревизијата на преземените мерки по дадените препораки било констатирано дека за истите се преземени активности. На овие наоди, Државниот ревизор добил одговор од одговорното лице на Друштвото што управува со спортско рекреативниот центар „Борис Трајковски“. Меѓудругото се наведува:
„Во 2014 година поделбатата на градежен дел и опрема на рекреативниот Аква парк беше извршена врз основа на завршните ситуации од изведувачите на објектот. Управителот на Друштвото донесе одлука за формирање Комисија за утврдување на резидуалната вредност на секое основно средство поединечно при пописот за 2016 година“.
Во однос на тениските игралишта од Друштвото информирале дека постапила во согласност со Законот за градење и дека спортските игралишта се ставени во употреба по изготвување на извештајот за извршен технички преглед од андзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба. Од друштвото информираат дека во 2016 година за прв пат е остварена дообивка.
Анализа на Порталб